Еден загинат во сообраќајка на патот Кичево-Демир Хисар

05.10.2015 11:17

Сообраќајката се случила околу 7 часот, при судир на комбе марка „Цитроен џамбо“ со прилепски регистарски таблички управувано од сега починатиот Мендо Г. и товарно моторно возило камион...

42-годишен прилепчанец од селото Воѓани утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево, кај местото викано „Зли Дол“ во близина на каменоломот.

Сообраќајката се случила околу 7 часот, при судир на комбе марка „Цитроен џамбо“ со прилепски регистарски таблички управувано од сега починатиот Мендо Г. и товарно моторно возило камион со приколка со битолски регистрации кое било паркирано на патот.

Истрагата на полицијата треба да утврди кои биле причините за несреќата.