ИД ја разнесе Триумфалната капија во Палмира

05.10.2015 11:22

Во тој град џихадистите претходно уништија и едно светилиште и храм стар 2 илјади години...

Припадниците на Исламска држава ја разнеле Триумфалната капија, еден од најзначајните споменици во древниот сириски град Палмира. Во тој град џихадистите претходно уништија и едно светилиште и храм стар 2 илјади години.

Исламска држава ја контролира Палмира уште од мај, кога ги протера владините сили, а потоа минираше споменици и историски зданија.

Градот од 1980-та се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.