Осум жртви во поплавите во Северна и Јужна Каролина

05.10.2015 12:41

Населението е под закана да остане без вода за пиење...

Поплавите во Северна и Јужна Каролина однесоа 8 жртви, а стотици се спасени по повеќедневните изобилни дождови кои ги поплавија патиштата и предизвикаа стотици сообраќајни несреќи.

Населението е под закана да остане без вода за пиење. Дождот ги поплавил автопатите по должината на брегот на Северна Каролина, меѓу Чарлстон и Џорџтаун, град од 9 илјади жители кој речиси е целосно под вода.