Во првите осум месеци од годинава извозот 2,889 милијарди долари

05.10.2015 15:41

Најмногу извезуваме катализатори на носачи на благородни метали, како резултат на работата на Џонсон Мети, потоа фероникел, сетови проводници за палење, повторно како резултат на работата на компаниите од зоните, производи од железо и челик...

Државниот завод за статистика ги објави новите податоци за трговската размена на земјава со странство за осум месеци од годинава. Во однос на истиот период лани, размената е помала за речиси милијарда долари, но затоа е поизбалансирана, а покриеноста на увозот со извозот достигна 70 проценти.

Најмногу извезуваме катализатори на носачи на благородни метали, како резултат на работата на Џонсон Мети, потоа фероникел, сетови проводници за палење, повторно како резултат на работата на компаниите од зоните, производи од железо и челик.

Во увозот доминира платината, потоа нафтата и струјата. Повеќе од половина од вкупната размена отпаѓа на Германија, Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Наш најзначаен трговски партнер е Германија, а размената со оваа земја, мерена во евра, е зголемена за речиси 17 проценти.