Отворени над 7.250 компании преку проектот за самовработување

05.10.2015 15:50

Кон крајот на годината се очекува да се отворат уште 400...

Преку проектот за самовработување досега се отворени 7.250 приватни компании. Кон крајот на годината се очекува да се отворат уште 400.

„За 2015 година предвидовме поддршка на 900 невработени лица да формираат сопствен бизнис, да се самовработат, да ја реализираат сопствената бизнис идеја со грант за самовработување од 3.000 евра. Вкупните средства кои што се предвидени за реализација на овој проект за 2015 година изнесуваат 202 милиони денари“, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Сертификати за обука за претприемништво преку програмата добија 101 лице кои ќе почнат свој бизнис. Станува збор за заеднички проект на Владата и УНДП кој се реализира од 2007-та година.