Претседателот Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“
06.10.2015 10:15
Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и универзитетот „Шефилд“...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска свечено ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2015/2016 година, што традиционално се доделуваат на 20-те најдобри студенти за постдипломски студии на програмата за бизнис администрација- МБА, на Сити колеџот во Солун и Факултетот за меѓународни студии, при универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.
Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и универзитетот „Шефилд“.
