Отворени денови на Катастарот во Гевгелија и во Валандово
06.10.2015 10:41
Граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот и со имотно- правните односи, може да се обратат за помош...

Агенцијата за катастар на недвижности и Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, денеска во Гевгелија и Валандово ќе ја спроведат акцијата „Отворени денови за граѓаните“.
Граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот и со имотно- правните односи, може да се обратат за помош, но и да поднесат свои предлози и идеи за подобрување на работата на подрачните одделенија.
