Продолжение на 67-та седница на Собранието
06.10.2015 10:52
На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување на законите за основното образование, за средното образование и за наставници во основните и средните училишта...

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи продолжение на 67-та седница. На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување на законите за основното образование, за средното образование и за наставници во основните и средните училишта, во прво читање, поднесени од пратениците од СДСМ.
На предлог на опозициските пратеници треба да се расправа и за предлог законите за изменување на законите за минимална плата, за буџетите во прво читање, како и за Информацијата за проблемот со се поголемото иселување,особено на младите од Република Македонија.
