Електронски уписи во Централниот регистар преку регистрациони агенти од 1-ви ноември

06.10.2015 12:18

Стапуваат на сила законските измени. Со ова според надлежните ќе се добие на квалитет...

Од 1-ви ноември сите уписи во Централниот регистар ќе се вршат по електронски пат преку регистрациони агенти. Стапуваат на сила законските измени. Со ова според надлежните ќе се добие на квалитет.

Според директорот на Централниот регистар на Република Македонија, Андреа Поповски, сите уписи во Централниот регистар ќе добијат на квалитет затоа што пријавите и сите поднесоци до Централниот регистар за упис во трговскиот регистар ќе се поднесуваат од овластени подносители кои квалитетно и успешно ќе може да ги поднесуваат и нема да има проблеми околу уписите за да се враќаат документите назад.

Во моментов, 500 регистрациони агенти имаат право да регистрираат компании. Со последните законски измени категоријата регистрационен агент е проширена со адвокатите, кои првпат земаат учество како професионална заедница при електронските уписи во Централниот регистар.