Дневниот промет наместо во банка- директно на банкомат 24/7

06.10.2015 13:23

Електронското банкарство зема замав. Наместо во банка- директно на банкомат 24/7 ќе може да се уплаќа дневниот промет. Бизнисмените велат, со новиот систем- поефикасно ќе завршуваат процедурите, ќе се скастрат трошоците...

Наместо во банка, директно на банкомат ќе може да се уплаќа дневниот промет. Европскиот современ систем почна да се применува во Македонија. 24 часа уплата и исплата во денари евра. Снежана е сопственик на аптеки, почна да го користи елелктронското банкарство. Вели побрзо поефикасно ги завршува работите.  Бизнисмените не се врзани за работно време на банката, се олеснува чувањето на дневниот пазар, ги скаструва трошоците.

„Работиме за време на викенди и празници и со оглед на тоа што се чекаат многу големи редици во банките, го користиме драгоценото време за бизнис за да се прилагодиме на тие гужви, меѓутоа со воведувањето на Зоната 24/7 добивме многу практични придобивки“, вели Снежана.

Речиси 50 проценти од трансакциите се насочени кон банкоматите, во некои зони и до 70 насто. Во Скопје има 9 и 11 во внатрешноста.

„Во зоните се сместени и терминалите кои даваат можност веднаш да се пристапи кон електронското банкарство, тоа значи кога ќе уплатат срества на својата жиро сметка, веднаш можат да направат и трансакција“, изјави Емилија Спировска, член на УО на Прокредит банка.  

За пример бизнисите во Германија за работа со готовина најчесто користат автомати, 47 проценти од плаќањата се преку електронско банкарство, го користи секој втор германец.

„Насоченоста кон нови технологии и иновации во секоја индустрија е значаен дел од германското претприемништво. Банкарската индустрија е најрепрезентативен пример за тоа. Генерално, германските банки го воведоа овој тренд неколку години наназад“, изјави германската амбасадорка во земјава, Кристина Алтхаузер.  

Според Алтахаузер, она што е сега новост наскоро ќе стане тренд во банакарската индустрија.

 

Дијана Ценевска