МВР: Приведени лихвари и трговци со дрога и оружје

08.10.2015 13:07

Приведени се најмалку 8 лица, кои биле дел од организирана група која се занимавала со лихварство, изнуди, нелегална трговија со дрога и оружје, и со криумчарење мигранти, потврдија од МВР за Македонската телевизија...

Во скопско Арачиново и во Куманово, изутрината е спроведена полициска акција, во која се уапсени лихвари, трговци со дрога и оружје. Осомничени се и судии.

Приведени се најмалку 8 лица, кои биле дел од организирана група која се занимавала со лихварство, изнуди, нелегална трговија со дрога и оружје, и со криумчарење мигранти, потврдија од МВР за Македонската телевизија.

Постојат сомнежи дека групата соработувала и со луѓе од судската власт. Од МВР повеќе детали за акцијата најавуваат откако таа ќе заврши.