Справување со бранот бегалци: Бесими и Чавков на состанок со претставници од ЕУ
Ваквата средба е во пресрет на министерскиот состанок на Унијата во Луксембург, на кој ќе се разгледуваат конкретни планови на Унијата за справување со ситуацијата...

Вицепремиерот за европски прашања Бесими и министерот за внатрешни работи Чавков на координативен состанок со претставници на Европската унија. Презентирани владините планови за справување со бранот мигранти од Блискиот Исток и од Африка.
Ваквата средба е во пресрет на министерскиот состанок на Унијата во Луксембург, на кој ќе се разгледуваат конкретни планови на Унијата за справување со ситуацијата.
Министрите за надворешни и за внатрешни работи Попоски и Чавков, во Луксембург ќе учествуваат на конференција за мигрантската рута „Источен Медитеран - Западен Балкан“.
Се очекува да се донесе декларација за тесна соработка на земјите низ кои транзитираат бегалците од арапскиот свет.
Најавени се нови средства за транзитните земји како хуманитарна помош. Покрај ветените 24 милиони евра за Македонија, плус 17 милиони евра што ќе се поделат со Србија, за годинава и за идната, Брисел има определено околу 500 милиони евра за хуманитарна помош.
