Истражна постапка против 12 лица приведени во полициската акција на МВР
08.10.2015 14:24
Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овлстување, кои ги сторил вршејќи висока функција во Oсновниот суд- Куманово...

Донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.
Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овлстување, кои ги сторил вршејќи висока функција во Oсновниот суд- Куманово.
Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и криумчарење мигранти.
