ЕУ: Постигнат договор за забрзана депортација на илегалните мигранти
09.10.2015 10:28
Меѓу првите што ќе се враќаат се државјани на земјите од Западен Балкан, кои беа прогласени за безбедни...

Земјите од ЕУ на самитот во Луксембург постигнаа договор за забрзана депортација на илегалните мигранти, како една од мерките за решавање на кризата со сириските бегалци.
Меѓу првите што ќе се враќаат се државјани на земјите од Западен Балкан, кои беа прогласени за безбедни.
Според високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, ЕУ не пробува да ја префрли одговорноста врз земјите од Западен Балкан.
Одреден е и буџет за помош за африканските и другите сиромашни држави за да го прифатат враќањето на своите граѓани на кои не им е дозволено да останат во Европа.
