Формирана влада на национално единство во Либија
09.10.2015 12:03
„За премиер е предложен Фајез Сарај, пратеник во Претставничкиот дом од Триполи“, изјави Бернардино Леон, пратеник на ОН во Либија...

Во Либија е формирана влада на национално единство, со што по долги и тешки преговори му се стави крај на повеќемесечното двовластие. Во Либија постоеја две влади – една во Триполи, која ја поддрживаа исламистите и друга, меѓународно призната, во Тобрук.
„За премиер е предложен Фајез Сарај, пратеник во Претставничкиот дом од Триполи“, изјави Бернардино Леон, пратеник на ОН во Либија.
Пред новата влада стојат повеќе предизвици, особено економијата на работ на колапс и многубројните милитантни групи.
