Енергетска ефикасност: Рационалното трошење не ја намалува удобноста
09.10.2015 13:23
ЕВН Македонија, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика ја промовираа „Енергетската математика“ која преку низа практични совети ќе овозможи намалување на трошоците за електрична енергија...

Основна цел на платформата за енергетска ефикасност е да се подобри свеста за едукација на граѓаните и фирмите за различните можности за заштеда на енергија.
ЕВН Македонија, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика ја промовираа „Енергетската математика“ која преку низа практични совети ќе овозможи намалување на трошоците за електрична енергија без притоа да се намали квалитетот на живеење.
Серијата премиерно ќе се емитува на Македонската телевизија и на уште една комерцијална телевизија.
