Русија демантира дека четири ракети паднале на иранска територија
09.10.2015 13:47
САД не наведуваат каде точно паднале ракетите во Иран, кој исто така го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад...

Русија го демантира тврдењето на американски функционери дека четири руски ракети истрелани во Сирија од Касписко Море паднале на иранска територија.
САД не наведуваат каде точно паднале ракетите во Иран, кој исто така го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Според Москва, истрелани се 26 ракети на северот и северозападот од Сирија и погодени биле сите 11 цели.
Државниот секретар на САД, Кери побарал од неговиот руски колега Лавров напредок во техничките разговори како да избегнат инциденти во Сирија.
