Нова инвестиција: „Искрател“ отвори регионален развоен центар
Словенечката компанија „Искрател“ почна бизнис во Македонија. Во Скопје го лоцираа новиот регионален развоен центар, можност за вработување и доедукација на кадри од техничките науки. Инвеститорите гледаат огромен потенција во македонските студенти...

Словенечката групација „Искрател“ ја одбра Македонија за своја инвестициска дестинација. Во Скопје го лоцираа новиот регионален развоен центар што ќе значи и можност за вработување и доедукација на кадри од техничките науки.
Инвеститорите во македонската Влада гледаат партнер, а во македонските студенти огромен потенцијал кој ќе придонесе за развојот на ИКТ секторот.
„Во нашите стратегии за развој Република Македонија завзема особено важно место. Ние сакаме нашата компанија да продолжи да се развива, но не сакаме заработеното само да го изнесеме од државата. Работиме во Македонија и сакаме со нашата работа да придонесеме ова општество да се развива и директно да допринесеме кон развојот на економијата на Република Македонија“, изајви директорот на „Искрател- Скопје“, Јанез Сајовиц.
„Наша обврска е посотјано подигнување на квалитетот на животот, зајакнување на ефикасноста на економијата, постоајн развој и напредок во Република Македонија“, нагласи претседателот на УО на „Искрател“, Жељко Пуљич.
Македонија е позната како еден од најбрзо растечките пазари во ИТ секторот во овој дел на Европа, а тоа е резултат и на владините мерки од 2006-та, со кои интернетот на голема врата влезе во Македонија, рече вицепремиерот Пешевски. Странските компании го препознаа потенцијалот , а тоа ја прави Македонија привлечна за инвеститорите, вели Пешевски.
„Ќе отвори повеќе од 100 работни места за млади кадри од информатичките и телекомуникациски технологии. Верувам дека ваквите најави ќе бидат дочекани со голем ентузијазам од сите дипломирани студени по информатичка технологија и сите професионалци кои што работат на ова поле“, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Словенечката групација искрател 60 години е присутна на македонскиот пазар. Има 50 вработени, а со отварањето на регионалениот развоен центар, планира да вработи дополнителни 100 млади и талентирани кадри од областа на телекомуникациските и информатичките технологии.
Викторија Милевска
