Поплави во регионот, најкритично на Пељашац

12.10.2015 12:54

Локалните медиуми јавуваат дека во близина на Хвар исчезнал шеесетгодишен маж, најден е само неговиот брод...

Изобилните дождови го зафатија и регионот. Најкритична е состојбата на Пељешац. Улиците се целосно поплавени, а на жителите дополнителни проблеми им прават наносите од кал. На неколку патишта има одрони.

Локалните медиуми јавуваат дека во близина на Хвар исчезнал шеесетгодишен маж, најден е само неговиот брод.

И србија се соочува со поплави. Педесетина куќи се поплавени и направена е голема материјална штета.

Во Албанија поплавите ја однесоа првата жртва. Во Валона критична е состојбата во повеќе населби, а поголем дел од градот е без струја.