Поплавени населби и стадионот во Куманово, се сумираат штетите од синоќешното невреме
12.10.2015 13:08
Поплавени се улиците, подрумите во населбата „Јоска Илиевски“, а поплавен е и стадионот во Куманово...

Неколку населби во Куманово синоќа беа погодени од невремето. Поплавени се улиците, подрумите во населбата „Јоска Илиевски“, а поплавен е и стадионот во Куманово.
Министрите за транспорт и за одбрана, Владимир Мисајловски и Зоран Јолевски се исто така во критичните подрачја.
Мисајловски денеска повторно ќе ја согледа состојбата во Охрид, која, според очевидците не била алармантна.
Во Тетовско, во Мала Речица и Порој, министерот Јолевски ќе се сретне со жителите, каде што ќе изврши увид на последиците од синоќешното невреме.
