Специјален обвинител: Милион евра за планираните активности
12.10.2015 13:15
На одредени портали веќе се појави документот, кој предизвика реакции поради некои ставки и поради тајмингот, кога ќе се обелоденуваат истражните активности...

Над милион евра побарала за својот работен и финансиски план специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа во петокот го достави планот до Советот на јавни обвинители, кој што по разгледувањето треба да се изјасни по планот.
На одредени портали веќе се појави документот, кој предизвика реакции поради некои ставки и поради тајмингот, кога ќе се обелоденуваат истражните активности.
Од Советот на обвинителите, и реакцијата дека буџетот побаран од Јанева бил поголем од оној што е одреден за обвинителството за организиран криминал.
