Градот Скопје испрати помош за поплавените делови на Македонија

12.10.2015 13:35

Градот Скопје испрати две цистерни за влечење на вода од ЈП “Водовод и канализација”, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување на вода...

По интензивни врнежи од дожд кои ја зафатија државата и регионот и кои  предизвикаа поплави во Охрид и околината, Градот Скопје вчеравечер испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите.

Градот Скопје испрати две цистерни за влечење на вода од ЈП “Водовод и канализација”, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување на вода.

Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е екипа пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број на лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја прати состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.