24- годишен прилепчанец загина во сообраќајка

12.10.2015 14:58

24 годишното момче излетало со возилото „Рено меган“ во нива, се претпоставува поради неприспособена брзина...

Прилепчанец се удави во нива поплавена од синоќешните изобилни дождови. Сообраќајната несреќа се случила на патот Прилеп- Кривогаштани, во близина на селото Славеј.

24 годишното момче излетало со возилото „Рено меган“ во нива, се претпоставува поради неприспособена брзина.

Според повредите, најверојатно не било во можност по несреќата да излезе од возилото. Надлежните служби констатирале смрт кај возачот.