Најавени две нови американски компании

12.10.2015 15:08

Ова го најави претседателот на владата Никола Груевски, образложувајќи дека поради деловната политика на компаниите не може да даде повеќе информации...

До ноември, две американски компании ќе инвестираат во земјава. Првата треба да вработи 500, а втората 1.500 работници.

Ова го најави претседателот на владата Никола Груевски, образложувајќи дека поради деловната политика на компаниите не може да даде повеќе информации.

Од 2006-та до 2015-та во земјава се отворени нови 130 илјади работни места, а невработеноста од 38 насто во 2006-та, се намали на 26,8 проценти.