Владата донесе одлука за изградба на нов студентски дом во Скопје

12.10.2015 15:12

Владата донела одлука за изградба на нов студентски дом во Скопје. Новиот објект е предвиден за 500 до 1.000 студенти и ќе биде лоциран во една од општините Центар, Гази Баба, Ѓорче Петров или, пак, на четврта локација...

Со изградбата на новиот студентски дом ќе им се излезе во пресрет на многу студенти. Ќе се решат проблемите што со години ги мачат. Во наредните десетина дена ќе се дознае и точната локација.

Новиот студенстки дом планирано е да се изгради во Центар, Гази Баба, или пак Ѓорче Петров и ќе има капацитет за сместување на 500 до 1.000 студенти.

Постоечките пак, се реновираат. Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ реновирањето се одвива по блокови. Завршено е со блокот Б кој беше во најлоша состојба, сега се внесува мебелот. За еден месец оние од блокот А, ќе се вселат во блокот Б, за да почнат да се реновираат и останатите.

Реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се забрза и би требало да заврши за една година, најави премиерот, откако дел од просториите на домот прокиснаа поради обилните врнежи. Се реновира и студентскиот дом „Кузман“.

 

Александра Перевска