Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Куманово

13.10.2015 10:48

На презентацијата ќе бидат присутни и градежни компании кои ќе ја претстават локалната понуда на станови...

Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре ќе биде во Куманово, каде што ќе бидат презентирани можностите што ги нуди проектот.

Претставници од Министерството за финансии ќе им објаснат на кумановци колкави субвенции нуди проектот, кои услови треба да се исполнат за да се аплицира и како да се поднесе барање за користење на финансиските средства.

На презентацијата ќе бидат присутни и градежни компании кои ќе ја претстават локалната понуда на станови.

Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја среда престојува во градовите низ Македонија со цел да го доближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.