Њујорк: Една жртва во пукотница на студентски кампус

15.10.2015 12:15

На кампусот е прогласена тревога, а раководството на универизтетот ги повика жителите да останат во своите соби и да не пуштаат непознати лица...

Најмалку едно лице загина, а едно е повредено во пукотница во студентско гратче на универзитетот во Сиракуз, во американската сојузна држава Њујорк.

На кампусот е прогласена тревога, а раководството на универизтетот ги повика жителите да останат во своите соби и да не пуштаат непознати лица.

Полицијата забрани и движење на локалните гробишта каде се случила престрелката. На студентите им е препорачува да бидат внимателни.