Семеен спортски ден во центарот „Борис Трајковски“
Познати македонски спортисти во друштво на своите дечиња ќе си ги одмерат силите со посетителите. Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, Спасевски, ова е најдобриот начин да се промовираат семејните вредности и здравиот начин на живот...

Влечење јаже, вртење хулахоп, скокање во вреќа - на едно место ќе спортуваат родителите со нивните дечињата. В недела центарот „Борис Трајковски“ организира семеен спортски ден.
Познати македонски спортисти во друштво на своите дечиња ќе си ги одмерат силите со посетителите. Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, Спасевски, ова е најдобриот начин да се промовираат семејните вредности и здравиот начин на живот.
Семејните активности почнуваат во 12 часот , а влезот во арената „Борис Трајковски“ е бесплатен за сите учестници. Ова е прв настан од ваков вид во Македонија во рамки на проектотот спортот и семејните вредности. Директорот Перински вели- целта е да се мотивираат граѓаните преку спортот повеќе да се дружат.
За најдобрите семејните тимови се предвидени награди.
Викторија Милевска
