Јанева: Избор на целиот предложен тим
Јанева им порача на избраните обвинители да не даваат свечeна изјава бидејќи, како што стои во нејзиниот допис, тоа би било потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство...

Катица Јанева бара Советот на јавните обвинители да ги избере останатите помошници според нејзиниот предлог.
„Јавните обвинители треба да ја покажат својата професионалност, стручност и самостојност во донесувањето одлуки. Сите предложени јавни обвинители во мојот тим имаат заслужен кредибилитет да бидат дел од него“, стои во дописот до медиумите.
Јанева им порача на избраните обвинители да не даваат свечeна изјава бидејќи, како што стои во нејзиниот допис, тоа би било потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство.
Се огласи и советот на јавни обвинители, оттаму тврдат дека сите избрани јавни обвинители потврдиле дека ќе дадат свечена изјава во просториите на Советот на јавни обвинители. Освен тоа имало и потвдра од Јанева декаи таа ќе биде таму.
Од советот Соопштуваат дека денеска од медиумите разбрале оти Јанева се јавувала по телефон кај избраните јавни обвинители со укажување да не доаѓаат на свечената седница и да не дадат свечена изјава.
„Советот на јавни обвинители ја цени ваквата постапка како повторен непринципиелен притисок врз Советот. Истакнуваме дека јавните обвинители и јавната обвинителка Катица Јанева се избрани да ја вршат надлежноста согласно законот, а не да водат политика“, велат од Советот на јавни обвинители.
Половина од тимот на специјалната обвинителка не добија зелено светло од Советот, па тој остана покус за седуммина обивители.
Фиљана Кока
