Aмандманска расправа за предлог буџетот за 2016-та
19.10.2015 10:42
Во петокот, Комисијата по четири дена расправа го заврши општиот претрес за предлог буџетот за 2016-та година...

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне Амандманската расправа за предлог буџетот за 2016-та. До матичната комисија биле поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе пратеници.
Во петокот, Комисијата по четири дена расправа го заврши општиот претрес за предлог буџетот за 2016-та година.
Собранискиот деловник предвидува расправата за новиот буџет во матичната комисија да трае најмногу 10 дена.
