Иво Котевски- нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Тој на ова место доаѓа од позицијата помошник-министер за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи...

Иво Котевски ќе биде нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на ова место доаѓа од позицијата помошник-министер за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи.
„На политичко поле ќе се води новата битка за иднината на Македонија. Во моменти на реални закани за уривање на системот, државноста и се што е изградено години наназад само заради обид за ситно политичко профитерство, благодарен сум на довербата која ми е укажана и можноста која ми е понудена“, вели Котевски во псимената изјава и додава - како директор на Центарот за комуникации ќе го вложам својот максимум за да го надградам тоа што е создавано од моите претходници. Ќе се трудам што е можно повеќе да ги објаснам политичките позиции за да не остане ниту најмала дилема кај граѓаните околу драстичните разлики во концептите кои им се нудат“.
