Нема договор, работните групи продолжуваат со работа

20.10.2015 09:56

Според еврокомесарот Хан, постојат сеуште шанси за конечен договор. „Ова беше лош ден“, изјави по разговорите, и побара да се почитуваат крајните рокови...

И по 12 часа разговори во резиденцијата на евроамбасадорот Oрав, не е постигнат договор меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии. Сепак, според еврокомесарот Хан, постојат сеуште шанси за конечен договор. „Ова беше лош ден“, изјави по разговорите, и побара да се почитуваат крајните рокови.

„За жал, ние не постигнавме договор. Навистина сум разочаран, што немавме договор за реорганизација на Владата, како што беше договорено во јунско-јулскиот договор.  Имаа неколку недели за договор, но очигледно не беше возможно. Сепак постојат некои шанси за договор. Се надевам дека ја разбраа сериозноста на ситуацијата, но дефинитивно ова не беше добар ден. Се надевам дека денешниот ќе биде добар, за да се постигне договор, што е апсолутно неопходно, бидејќи основниот договор е признат од меѓународната заедница и ја одржува во живот европската перспектива на земјата. Искрено, не можам да предвидам што ова ќе значи за европските аспирации, но сега е потребно лидерство, одговорност, грижа за интересите на земјата, за нејзината судбина, и затоа мислам дека сеуште се е можно. Затоа моите луѓе остануваат овде, јас морам да се вратам. Сеуште сум оптимист дека ќе има решение за сите работи, за позитивен и краен резултат на сите наши напори што ќе води кон фер и транспарентни и многу сериозни избори кон крајот на април за да ја стабилизираме состојбата во земјата. Нема нови рокови, ќе бидам среќен ако постојните се испочитуваат“, изјави еврокомесарот Хан.

За ВМРО ДПМНЕ, добра вест е постигнатиот договор за изборниот закон, додека во делот на специјалниот обвинител има аспекти на против уставност.

Лидерот на СДСМ, Заев смета дека во наредните 20 часа, мора да се постигне договор за тимот на Јанева и за реорганизација на владата.