Субвенции за плати на овчари
Овчарите кои го напасуваат добитокот можат да конкурираат за субвенционирање во висина од 80 проценти од бруто платата. Барањата можат да ги доставуваат до крајот на идниот месец...

За чување и напасување на овци, кози или говеда на пасишта и ливади кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри, сточарите можат да поднесат барање за субвенционирање на плати.
Поддршката е 80 проценти од просечна бруто плата во оваа дејноста за периодот од први ноември 2014-та до 31 октомври годинава.
Поддршката е неповратна, а се доделува за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 80 говеда.
Право на користење имаат регистрираните земјоделски стопанства, а огласот ќе трае до 30 ноември 2015-та година.
Во просек годишно за оваа мерка се исплаќаат од 5 до 6 милиони денари.
Методија Трајков
