Закажана нова седница на Советот на јавни обвинители

20.10.2015 10:01

Претседателот на Советот потврди дека го добил дописот од Министерството за правда и го препратил до обвинителот Јанева...

За денеска е закажана нова седница на Советот на јавни обвинители, на која е можно да бидат избрани останатите седум јавни обвинители од тимот на специјалната обвинителка.

Претседателот на Советот потврди дека го добил дописот од Министерството за правда и го препратил до обвинителот Јанева, од која се очекува и официјално да побара од Советот да ја корегира претходната одлука.

Седумтемина избрани обвинители од тимот на специјалната обвинителка, не се појавија на вчерашната седница на Советот на јавни обвинители да дадат свечена изјава, што за првпат се случува во македонското правосудство.