Словенија ја отвори границата за бегалците

20.10.2015 10:26

Словенечката влада предложи амандман на закон за ангажирање на војската како помош за полицијата во чувањето на границата...

Словенија ја отвори границата за бегалците, повеќе од 5.000 луѓе заглавени среде дожд и кал на границата со Хрватска. Словенечката влада предложи амандман на закон за ангажирање на војската како помош за полицијата во чувањето на границата.

Хрватските медиуми јавуваат дека словенечката полиција ноќеска фрлила солзавец на бегалците на преминот Трновец, меѓу кои имало и жени и деца.

Хрватска ја затвори границата во текот на ноќта, но изутрината беше повторно отворена.