Продажба на парцели под оранжерии
Ќе се продава државното земјоделско земјиште на кое се наоѓаат оранжериите. Тоа ќе го реши прашањето за сопственоста што е пречка за инвестиции во овие земјоделски објекти...

Сопствениците на оранжериите, на помошните објекти и на објектите за примарна обработка на земјоделските производи ќе можат да го купат државното земјиште на кое се изградени.
На овој начин ќе се реши проблемот со сопственоста која ги ограничуваше стопанствениците дополнително да инвестираат.
Продажбата на земјоделското земјиште ќе се врши по пат на непосредна спогодба со склучување на договор за продажба помеѓу Министерството за земјоделство и сопственикот на оранжеријата и на помошните објекти.
Земјиште ќе се продава по пазарна вредност што ќе ја проценува Бирото за судски вештачења со утврдена методологија.
Методија Трајков
