Нова детска градинка во Сарај
21.10.2015 11:02
Во последните неколку години се отворени повеќе од 40 градинки за згрижување на деца од предшколска возраст...

Вицепремиерот Муса Џафери, министерот Спасов и градоначалникот на Сарај ќе отворат детска градина во Сарај. Пред два дена беше отворена градинка и во општина Карбинци, а според плановите во 2016-та и во Штип ќе биде изграден нов објект.
Во последните неколку години се отворени повеќе од 40 градинки за згрижување на деца од предшколска возраст.
Министерот Спасов најави грантови од 10 илјади евра за отворање нови приватни детски градинки. Целта е да се зголемат капацитетите и да се креираат нови работни места.
Локациите ќе се утврдат согласно со интересот, јавниот повик ќе биде распишан на стартот од нареднава година.
