Зголемен приливот на мигранти, за 24 часа издадени 3.257 потврди за азил

21.10.2015 11:34

Како што соопшти МВР, досега издадени се потврди на вкупно 161.692 странски државјани...

Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.257 странски државјани, од кои, 1.843  се од машки пол, 477  се од женски, 716 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 221 деца кои патуваат без родител.

Во прифатниот центар за мигранти, пак, во Гевгелија изминатото деноноќие влегле 5.700 мигранти кои по евидентирањето заминале кон граничниот премин Табановце.

Како што соопшти МВР, досега издадени се потврди на вкупно 161.692 странски државјани, од кои, 102.713 се од машки пол, 22.513 се од женски, 29.740 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.726 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-110.341, потоа Авганистан-27.376, Ирак-12.278, Пакистан-3.808, Иран-1.993, Палестина-1.544...

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.