Средба Коѕиас- Нуланд во Атина, прашањето за името дел од разговорите

21.10.2015 11:39

Стејт Департментот соопшти дека главна тема на разговорите ќе бидат билатерални и регионални прашања, економските реформи и бегалската криза...

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во Атина ќе се сретне со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд.

Стејт Департментот соопшти дека главна тема на разговорите ќе бидат билатерални и регионални прашања, економските реформи и бегалската криза.

Се очекува и прашањето за името да биде дел од разговорите.