Подметнат пожар во бегалски камп во Словенија

21.10.2015 13:13

Според локалните медиуми, пожарот бил намерно подметнат од мигрантите во знак на протест...

Изутринава избувнал пожар во кампот за бегалци во Брезице во Словенија. Луѓето во паника барале да бидат отворени вратите. Според локалните медиуми, пожарот бил намерно подметнат од мигрантите во знак на протест.

Владата изгласа поголеми ингеренции на војската која треба да и помогне на полицијата во справувањето на бранот бегалци. Воедно најавија дека од Европската унија ќе побараат финансиска и полициска сила.