Бегалска криза: Во Словенија врие

21.10.2015 17:35

Иако парламентот изгласа распоредување на војската за справување со бегалската криза, бегалците слободно поминуваат бидејќи веќе никој не се обидува да го воспостави кордонот...

Ескалираше бегалската криза на словенечко-австриската граница. Полицијата се откажала од обидот да ја контролира толпата мигранти, им кажала дека веќе нема возови и автобуси и слободно може да пешачат 50 километри до Грац. Авганистанците ја пробиле оградата, по што реката луѓе се споила со бегалците во импровизираниот австриски камп и продолжиле кон внатрешноста.

Иако парламентот изгласа распоредување на војската за справување со бегалската криза, бегалците слободно поминуваат бидејќи веќе никој не се обидува да го воспостави кордонот.

„Потребни се итни мерки за надгледување на бегалците на границата и нивно упатување кон центрите, а потоа по соодветните процедури да се насочат кон австриската граница, каде што сакаат да одат“, изјави Миро Церар, премиер на Словенија.

Изутрината, во бегалскиот камп во Брезице, бегалците подметнале пожар во знак на протест поради предолгото чекање.