„Викиликс“ објави приватни мејлови на директорот на ЦИА

22.10.2015 11:45

Информациите се од периодот кога Бренен работел како советник за борба против тероризам во Белата Куќа...

„Викиликс“ објави мејлови на директорот на ЦИА, Џон Бренан. Мејлот бил хакиран од ученик од средно училиште.

Според првичните информации во електронските писма нема откриени податоци од национално значење, но достапни се информации за социјалното осигурување на сопругата, луѓето со кои соработувал, прашалник пополнет од Бренан кога се кандидирал за функција во Aдминистрацијата на Барак Обама, меморандум до Oбама за Иран и писмо од сенатор дека уапсените терористи биле измачувани при распит.

Информациите се од периодот кога Бренен работел како советник за борба против тероризам во Белата Куќа.

„Викиликс“ најави дека во следните денови ќе објави нови информации.