Средба Лавров- Кери утре во Виена

22.10.2015 11:54

Главна тема на разговорите е Сирија, а на состанокот ќе присуствуваат и претставници на Турција и Саудиска Арабија...

Министерот за надворешни работи на Русија, Лавров в петок во Виена ќе има средба со државниот секретар на САД, Џон Кери.

Главна тема на разговорите е Сирија, а на состанокот ќе присуствуваат и претставници на Турција и Саудиска Арабија.

Официјална Москва предложила истовремено да се одржи и средба на Русија, САД, ЕУ и ОН, поради исклучително тешката состојба во земјата.