Драма во училиште во Шведска, маж со мачета нападнал ученици

22.10.2015 13:16

Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека има голем број повредени...

Инцидент во училиште во градот Тролхетан во Шведска. Четири ученици и еден маж се повредени, откако маж со мачета влегол во училиштето за време на наставата.

Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека има голем број повредени.

Според првичните информации напаѓачот е застрелан, а се уште не се познати мотивите за нападот.