Отворена спорстко- креативна работилница во денвниот центар „Порака“

22.10.2015 14:07

Новата просторија во рамките на дневниот центар во Капиштец е целосно реконструирана и уредена во работилница за креативни и спортски активности...

Средствата собрани од добротворниот меѓународен базар денеска беа подарени во дневниот центар „Порака“ во Скопје. Тие се наменети за лицата со интелектуална попреченост, за кои беше отворена спортско- креативна работилница.

„За дневниот центар во Аеродром се издвојуваат два милиони денари годишно, а за дневниот центар во Капиштец, кој се отвори оваа година со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика, се издвојуваат 400.000 денари. Градот Скопје и понатаму ќе продолжи со финансиската поддршка на овие центри, за да се овозможат подобри услови во нивното работење и функционирање, како и за подобар и попријатен престој на корисниците“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

На овој начин, велат надлежните и невладините организации, ја подигнуваме свеста за вклученост на лицата со интелектуална попреченост.