Штајнмаер: Бегалската криза не смее да предизвика конфликт меѓу балканските земји

22.10.2015 14:14

Не смее да се дозволи бегалската криза да предизвика несосогласувања и конфликти меѓу Балканските земји, вели германскиот министер за надворешни работи...

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, предупреди дека не смее да се дозволи бегалската криза да предизвика несосогласувања и конфликти меѓу Балканските земји.

Словачкиот министер за внатрешни работи и понуди помош на Словенија во која во изминатите 24 часа влегле 12.600 бегалци.

Унгарија останува на ставот дека нема намера да ја отвори границата и да овозможи транспорт на луѓето.