Пријавени 49 случаи на грип во последнава седмица
Активноста на грип е сеуште со низок интензитет во Република Македонија...

Последната недела во земјава пријавени се 49 случаи на грип, со што вкупниот број на заболени од почетокот на оваа сезона е 82. Најголем број се регистрирани во Центарот за јавно здравје Тетово и Куманово.
Имајќи ја во предвид епидемиолошката слика, негативните резултати од вирусолошкиот надзор и историските податоци за активноста на грип во овој период, може да се заклучи дека активноста на грип е сеуште со низок интензитет во Република Македонија.
Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака до сите лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или подрачна единица за да добијат подетални информации и вакцина против сезонски грип.
