Притисни црвено копче за имотно- правен проблем
За имотно – правен проблем притисни црвено копче. Ова е новиот проект на надлежната управа. Со него ќе бидат опфатени сите физички и правни лица кои го пропуштија јавниот повик за пријавување проблем...

„Притисни црвено копче доколку имаш имотно-правен проблем“ – нова акција на Управата за имотно-правни работи. Сите граѓани и фирми кои го пропуштиле јавниот повик за пријавување проблем од имотно- правна природа од 1-ви до 10-ти овој месец имаат можност да достават барање до Управата.
Предметите ќе се разгледуваат и ќе се решаваат очи в очи, преку средби на граѓаните со стручните тимови. Во фокусот се проблемите што компаниите ги имаат со приватизацијата на земјиштето.
„Сите физички и правни лица кои го пропуштиле јавниот повик можат да се пријават. Ќе бидат дополнително контактирани од наша страна, ќе се закажуваат термини за заеднички средби и ќе се разгледуваат конкретни проблеми. На тој начин Управата и понатаму останува отворена за средби и консултации со сите граѓани и правни лица кои имаат имотно-правни проблеми“, изјави Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно-правни работи.
Од 2009 –та до сега повеќе од 2.500 компании го поминале процесот на приватизација, вели Крстановски. Со решавање на имотно-правното прашање се зголемува вредноста на компанијата и земјиштето може да се стави под хипотека.
Ова отвора можност за проширување на производните капацитети и зголемување на бројот на вработени. Повластени услови со попуст од 30 проценти има кога надоместот за приватизација се плаќа во готово.
Само во општината Гази Баба околу 500 компании имаат поднесено документи за приватизација на имотите. За половина од нив веќе е донесено решение во првостепена постапка.
Сунчица Николоска
