Дојче Банк ќе крати 15 илјади работни места

29.10.2015 12:36

Во наредните две години банката ќе продаде и бизниси во кои се вработени околу 20 илјади луѓе...

Дојче Банк најави кратење на 15 илјади работни места, од кои 4.000 во Германија, откако објави загуба и во третиот квартал од 6 милијарди евра.

Во наредните две години банката ќе продаде и бизниси во кои се вработени околу 20 илјади луѓе.

Очекува со преземените мерки да се извлече од периодот на загуби и да ја намали сложеноста на компанијата.