Груевски: Наскоро договор со Костал, фабриката ќе се гради идната година
Фабриката ќе почне да се гради во првиот квартал од идната година, најави премиерот Груевски. Кон крајот на мај или почетокот на јуни треба да биде завршена фабриката на „ОДВ Електрик“. Во двете фабрики директно ќе бидат вработени околу две илјади лица...

Во наредниот месец и половина треба да биде потпишан договор со германската „Костал“. Фабриката ќе почне да се гради во првиот квартал од идната година, најави премиерот Груевски. Кон крајот на мај или почетокот на јуни треба да биде завршена фабриката на „ОДВ Електрик“. Во двете фабрики директно ќе бидат вработени околу две илјади лица.
„Можам да кажам дека работите одат согласно планот со овие компании без некои сериозни доцнења или, пак, менување на плановите. Се работи за две германски компании во делот на производство на делови за автомобилската индустрија, одлично етаблирани на пазарот на делови за автомобилска индустрија кои ги снабдуваат најголемите брендови на автомобили во Европа и пошироко со делови коишто тие ги произведуваат и ќе ги произведуваат во ТИРЗ Охрид/Сруга“, истакна премиерот Груевски.
Паралелно со ова, додаде Груевски, Владата инвестира и работи на дооформување на зоната во смисла на доизградба на потребаната инфраструктура.
